Научете германски во Дизелдорф

Учете германски јазик во Диселдорф – Нашите курсеви по германски јазик, цени и термини за почеток

YouTube

Mit dem Laden des Videos akzeptieren Sie die Datenschutzerklärung von YouTube.
Mehr erfahren

Video laden

Сакате да учите германски јазик и сте во потрага по соодветниот курс? Во нашето јазично училиште Актив Диселдорф (Aktiv Düsseldorf) можете да изберете помеѓу различни концепти на курсеви. Студент сте и потребни ви се многу добри познавања на германскиот јазик заради прием или потребни ви се јазични познавања за вашата професија? Пријавете се кај нас – ние сме специјализирани на тие теми! Учете германски јазик во Диселдорф со бесплатен пробен час и со класификација. Нашите курсеви по германски јазик, цените, термините, изборот на курсеви и сите информации во врска со нашите курсеви по германски јазик.

Курсеви по германски јазик во Диселдорф – избор на курс (приватни курсеви, вечерни курсеви и интензивни курсеви)

Доколку сакате да го организирате вашиот курс на флексибилен начин како учесник, вие сте на оптималното место со нашата приватна настава. Наставникот по јазик индивидуално ја прилагодува учебната материја на вашите потреби. Нашите вечерни курсеви се одржуваат повеќепати неделно. Во рамките на интензивниот курс учите целисходно и ефективно четири наставни часа петпати во неделата. Полуинтензивните курсеви можат да бидат резервирани и во текот на пладнето. Освен тоа, ние ја интегрираме и подготовката за испитот германски Телц (Deutsch Telc Prüfung) во Диселдорф од A1 до Ц2 во наставата и нудиме подготвителни курсеви за ТестДаФ (TestDaF). Во нашите курсеви по германски јазик за компании во Диселдорф ги прилагодуваме местото, времето и содржината на работниот тек во вашата компанија.

Курсеви по германски јазик за почетници и за напредни – сите нивоа од A1 до Ц2

Независно од тоа, за кој учебен модел ќе се одлучите – ние ви ги нудите сите јазични нивоа за почетници (A1) па сé до напредни (Ц2). Не знаете на кое јазично ниво се наоѓате во моментов? Нема проблем! Едноставно тестирајте се сами со нашиот бесплатен онлајн-тест за класификација! Секако, тестот можете да го направите и во нашето училиште за јазици. Ќе нé радува да нé посетите. Се разбира, по завршувањето на секој курс вие добивате јазичен сертификат, којшто се ориентира според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Нашите интензивни курсеви по германски јазик – трошоци и термини

Времетраење на курс: 4 недели со по 20 наставни часови во времетраење од 45 мин., неделно
Периоди на настава : понеделник до петок од 09:00 до 12:00 часот
Почеток: секој прв понеделник во месецот
Цени:

  • 1 недела 229€
  • 2 недели 339 €
  • 3 недели 429 €
  • 4 недели 499 €
YouTube

Mit dem Laden des Videos akzeptieren Sie die Datenschutzerklärung von YouTube.
Mehr erfahren

Video laden

Курсеви по германски јазик со мотивирани и искусни наставници

Се разбира, во нашето училиште за јазици Јазично училиште Актив (Sprachschule Aktiv) во Диселдорф наставата ја одржуваат само добро образовани родени говорители. На тој начин не ја учите само граматиката и вокабуларот на исправен начин, туку и изговор без акцент. Покрај тоа, нашите наставници по јазици ги владеат најновите наставни методи и употребуваат во наставата дигитални медиуми.

Учете германски во мали групи

Бројот на учесници во нашите курсеви го ограничуваме на 10 лица. Во такви мали групи наставниците можат да се грижат за секој засебен ученик и можат опширно да одговорат на споредни или дополнителни прашања. Освен тоа, во интерактивната организација на наставата сите ученици добиваат збор. На тој начин се поттикнува и контактот помеѓу учесниците и се иницира комуникацијата во меѓународна околина.

Наше училиште за германски јазик во Диселдорф – Ваши предности

  • Првиот час е бесплатен пробен час на којшто можете да го запознаете вашиот наставник како и стилот на настава.
  • Само доколку сте задоволни со пробниот час ние ќе ви доставиме фактор. Во останатите случаи, а во рамките на нашата гаранција за повраток на парите, ние ќе ви ги вратиме веќе платените давачки.
  • Ви нудиме атрактивен систем на попусти. Колку повеќе наставни единици ќе резервирате, толку пониска е крајната цена.
  • Модерниот наставен материјал и пријатната атмосфера за учење во комфорни простории за одржување курсеви претставуваат дополнителна мотивација за учење.
  • Дополнителен дигитален материјал за вежби ви ставаме на располагање гратис.
  • Сервисно ориентирана грижа и необврзувачко советување се подразбираат за нас.

Училиште за јазици во центарот на Диселдорф

Нашиот јазичен центар се наоѓа во самиот центар. До него можете да стигнете мошне добро со јавен сообраќај. Исто така, не е тешко да го најдете и со автомобил. Во директна близина се наоѓаат повеќе паркинг-објекти. Училиштето за јазици Актив (Sprachschule Aktiv) во Диселдорф е лоцирано во срцето на градот. Пеш од главната железничка станица ви се потребни само 15 минути, со трамвај 6 минути. Европски познатата шопинг-улица Кенигсалее и нејзините привлечни модни бутици се наоѓаат на само 5 минути оддалеченост пеш. Познатиот стар град на Диселдорф, со своите безбројни ресторани и автентични гостилници се наоѓа на оддалеченост од само две постојки со метро. И во директна близина на училиштето за јазици Актив (Aktiv) во Диселдорф се наоѓаат голем број меѓународни ресторани со своја специфична локална кујна и бројни пријатни кафетерии и кафе-тераси.

Виза за курсеви по германски јазик – Што треба да знаете за виза за Германија

Сакате да посетите јазичен курс во Германија и ви е потреба виза? Ќе ни биде драго да ви помогнеме со нашиот темелен совет, потврда и драгоцени совети за поднесување барање за таков документ.
Виза за курсеви по германски јазик во Диселдорф. Драгоцени информации и сите информации за виза во Германија.

Кому му е потребна виза за Германија?

На ученици на германскиот јазик што не се граѓани на Европската унија, а сакаат да го учат јазикот на земјата во Германија, им е потребна виза. Најпрво обратете се во германската амбасада што се наоѓа најблизу до вашето место на живеење. Таму ќе дознаете, за каков тип на виза мора да аплицирате. Условите може да бидат различни зависно од матичната земја. Во натамошниот текст ќе дознаете информативни детали во врска со натамошните услови и нашите услуги.

Како може да ви помогне училиштето за јазици Актив во Диселдорф?

Ние во училиштето за јазици Актив (Sprachschule Aktiv) во Диселдорф со задоволство ќе ви дадеме поддршка доколку сакате да учите германски јазик кај нас. Покрај практичните искуства, по вашето пријавување за курс по германски јазик, вие ќе добиете соодветна потврда што ќе ви биде потребна при аплицирањето за виза. Покрај тоа, ние ви испраќаме потврда дека веќе однапред сте платиле 50% или дека целосно сте го платиле резервираниот курс. И овие услови можат да се разликуваат, зависно од матичната земја.

Што се случува, доколку Вашата виза биде одбиена по пријавувањето?

Понекогаш може да се случи Вашето барање за виза и покрај сé да биде одбиено од страна на германската амбасада. Доколку ваквиот редок случај се појави кај вас, ние се разбира ќе ви ги вратиме веќе платените средства за курсот, одбивајќи притоа износ од 100 евра за трошоците за обработка. Контактирајте нé! Ќе ни претставува задоволство да ви помогнеме во натамошните чекори.

Кој курс по германски јазик мора да биде резервиран за да се добие потврда?

Учесници од нации вон ЕУ најчесто можат да аплицираат за виза во Германија само доколку посетуваат курс по германски јазик од најмалку 20 неделно. За таа цел ние ги конципиравме интензивните курсеви по германски јазик, во коишто можете да учите германски брзо и ефективно.

Кои документи односно прилози ви се потребно за апликацијата за виза?

  • 2 актуелни слики во формат за пасош
  • 2 формулара за апликација за вашата виза
  • Доказ за здравствено осигурување во Германија
  • Актуелен доказ за идентификација, на пример пасош
  • Потврда на пријавувањето на курс по германски јазик
  • Потврда дека курсот по германски јазик е веќе платен

Зошто да учите германски јазик во Диселдорф?

Нашето училиште за јазици не ви дава поддршка само при учењето германски туку и го поттикнува интеркултурното разбирање помеѓу различните нации. Во нашето училиште организираме меѓународни средби како што се округли маси или заеднички појадок. Покрај тоа, планираме и излети до места вредни да се видат во Диселдорф како и во неговото опкружување, така што учесниците можат да навлезат подлабоко во германскиот начин на живот и начин на размислување.